Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Од:

Корисниците од селата Ајватовци, Бунарџик и Кадино во општина Илинден утре од 6:15 до 7:30 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 6:30 до 8:30 часот без струја ќе биде комплексот факултетити на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, а од 8:30 до 9:30 часот корисниците од улицата „Самоилова“ бр. 150 во општина Центар.

Без струја од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Баница“ во општина Кисела Вода и корисниците од улицата „Лука Геров“ подулици бр. 8,10, 12 и 18 во општина Ѓорче Петров.

Од 9 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Тодор Александров“, од делот од Тасино чешмиче до ОУ „Кочо Рацин“, а од 9 до 11 часот корисниците од село Горно Нерези, објектот на Домот – Даре Бомбол и жичарницата – Средно Водно – Милениумски Крст.

Во временскиот период од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Партение Зографски“ бр. 44, 46 и 48, корисниците од булеварот „Тодор Александров“ бр. 5, 7 и 9 во општина Центар, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Пелагонија“, „Злетовска“, „Брсјачка буна“ и „Нов живот“ во општина Шуто Оризари.

Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја