Делови од неколку скопски општини и села утре без струја

Од:

Корисниците од улиците „Стојна Стефкова“, „Дижонска“, „Коста Абрашевиќ“ и „Серава“ во општина Чаир, како и од селата Сопиште, Патишка Река, Јаболци, Нова Брезница, Осинчани, Елово, и домот Јасен утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Вашингтонска“, „Индира Ганди“ и „Виетнамска“ во општина Шуто Оризари, а од 9:30 до 15 часот и дел од корисниците од населеното место Голиево во општина Ѓорче Петров.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја