Делови од Кисела Вода, Центар и Ѓорче Петров утре без струја

Од:

Корисниците на дел од улицата „Милан Мијалковиќ“ во општина Кисела Вода и тоа објектите со број 51, 53, 55 и 55а утре од 8:30 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 11 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Алекса Демниевски“, подулица 27 во општина Ѓорче Петров, од 12:30 до 14 часот корисниците од улицата „1“ во Ракотинци лоцирани околу школото, а од 8:30 до 15 часот, корисниците од Булеварот „Илинден“ на потегот од Владата до крстосницата кај фонтаната, како и делови од улиците „Пандил Шишков“, „Аминта Терти“, „Благоја Страчков“, „Кукушка“ и „Христо Баиќ“ во општина Центар.

Во периодот од 9 до 12:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „Христо Татарчев“ подулица бр.24 во општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивниот систем од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час