Делови од Кисела Вода, Бутел, Центар и неколку скопски села утре без струја

Од:

Дел од корисниците од улиците „Жил Верн“ и „Балканска“ во Општина Кисела Вода утре од 9:00 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Горно Количани и делот од село Батинци кај улицата „1“ и местото Ќупријан, од 8:30 до 9:30 часот дел од корисниците од улицата „Радишанска“, Рептил Маркет бр.8 Радишани, Кам Маркет, Ресторан Александра и Окта во Општина Бутел.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците улицата „8-ма Ударна бригада“ и објектите со број 23 и 25 на улицата „Димитрие Чуповски“ во Општина Центар, а од 9:00 до 14:00 часот корисниците на дел од улицата „33“ во село Волково.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз