Делови од Карпош, Шуто Оризари и Рашче утре без струја

Од:

Дел од корисниците од улиците „Нов живот“, „Брсјачка буна“ и „Злетовска“ во општина Шуто Оризари утре од 9 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Осло“ во општина Карпош, а од 9 до 15 часот и корисниците од село Рашче во билизина на долна џамија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување на планирани технички зафати во електро-мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја