Делови од Карпош, Кисела Вода и неколку скопски села в петок без струја

Од:

Корисниците од улицата „Букурешка“ од број 91 до број 101 во општина Карпош в петок од 9 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Скупи“ бр. 29 и подулица „3“ во општина Карпош, од 9 до 15 часот корисниците од село Мирковци подулици „1“ и „4“, а од 9 до 13 часот корисниците од село Варвара и дел од Маркова Река.

В петок од 9:30 до 13:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Ужичка Република“, а од 8:30 до 10:30 часот дел од корисниците од улиците „Салвадор Аљенде“ и „Тасино Чешмиче“ во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја