Делови од Карпош, Гази Баба и неколку села утре без струја

Од:

Дел од корисниците од селото Сопиште, лоцирани на улиците „1“, „15“, „17“ и „22“, утре од 8 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 10 до 14 чсот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Стогово“ во општина Карпош, од 8:30 до 12 корисниците од село Кадино, од 8:30 до 14:30 Агино Село и улиците „Ордан Чопла“, „145“ и „147“ во општина Гази Баба, а од 9 до 14 часот дел од корисниците од улицата „Копачка“ во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 15.08.2025 изнесува 73,22 евра за мегават час, на МЕМО 83,07 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 08.08.2025 изнесува 77,96 евра за мегават час, на МЕМО 71,63 евра за мегават час

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 95,91 евра за мегават час, на МЕМО 86,07 евра за мегават час