Делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода утре без струја

Од:

Корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“ во општина Аеродром, подулици бр. „2“ и „4“ утре од 8 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од булеварот „Партизански одреди“ бр. 66А и бр. 66Б во општина Карпош, а од 8:30 до 14:30 часот корисниците од село Љуботен.

Во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“ бр. 21, 29 и 31 и улицата „Фрањо Клуз“ бр. 2 во општина Аеродром, од 9:30 до 12 часот корисниците од улицата „Козле“, подулица бр. „4“ во општина Карпош, од 11 до 12:30 часот корисниците од улицата „Лисец“ во општина Аеродром, а од 12:30 до 15 часот корисниците од улицата „Христо Татарчев“, подулици бр. „9“ и „15“ во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја