Делови од Гази Баба, Кисела Вода и Зелениково во четврток без струја

Од:

Корисниците од улиците „Маџари“ и „Палмиро Тољати“, на потегот од надвозникот до училиштето „Дане Крапчев“, во општина Гази Баба утре од 8:30 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 08:30 до 11 часот без струја ќе бидат и корисниците од булеварот „11 Октомври“ – кули бр. 12 и 14 и објектите околу нив во општина Центар, а од 8:30 до 12 часот корисниците од Агино Село улици „2“ и „3“ и селото Зелениково.

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од Стара скопска чаршија, од 12 до 15 часот корисниците од улиците „4“ и „5“ во село Зелениково, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од улиците „Христо Татарчев“ и „14“ во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електросистемот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја