Делови од Центар, Огњанци, Студеничани, Ѓорче Петров и Кисела Вода утре без струја

Од:

Корисниците од улицата „Славејко Арсов“ во општина Центар утре од 8:30 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Дане Крапчев“ од број 20 до број 28, од улицата „Црвена Вода“ и од булевар „Партизански одреди“, лоцирани позади Неуромедика, како и од број 40 до број 46, во општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 17:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „1“ во село Огњанци, како и на почетокот и на сред село, од 9:30 до 11:30 часот дел од корисниците од улицата „1“ во село Студеничани, од 10:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Црногорска“ од број 16 до број 32 во општина Ѓорче Петров, од 10:30 до 15:00 часот корисниците од улицата „Питу Гули“ во општина Центар, а од 10:30 до 15:30 часот, корисниците од улиците „Дренак“ и „Драга Стојановска“ во општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз