Делови од Центар, Карпош и неколку скопски села утре без струја

Од:

Корисниците од дел од улицата „Козара“ во општина Центар утре од 8:30 до 14:30 часот ќе остнат без напојување со електрична енергија.

Од 10:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од делови од улиците „Ганчо Хаџипанзов“ и „Караорман“ во општина Карпош, а од 9:00 до 13:00 часот дел од корисниците од село Кондово.

Во периодот од 9:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од рудникот Радуша, дел од село Кондово, караула Чашка, село Грачани, викенд нас. Веле Поле, дел од село Кучково и викендиците во село Кучково.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз