Делови од Центар и Ѓорче Петров утре без струја

Од:

Корисниците од село Грчец утре од 9:30 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Ѓуро Салај“, „Пробиштипска“ бр. 18 и „Мице Козар“ во општина Ѓорче Петров, а од 11 до 14:30 часот и дел од корисниците од населбата Капиштец во општина Центар.

Во периодот од 8 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат и сите објекти позади Порта Македонија (Пелистер, ресторани, кафулиња, сендвичари,…, на плоштадот „Македонија“).

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја