Делови од Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Чучер Сандево, Сопиште и Студеничани утре без струја

Од:

Жителите од скопското село Бродец и дел од корисниците од улиците „Ѓурчин Кокале“, „Македонска преродба“ и „Борис Сарафов“ во општина Ѓорче Петров утре ќе бидат без електрична енергија од 9 до 12 часот.

Во периодот од 8:30 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ зграда бр. 39, а од 9 до 13 часот корисниците од улицата „Лазар Димитров“ и куќите на потегот меѓу улицата и пругата во општина Кисела Вода.

Без струја од 9 до 13 часот ќе бидат и жителите од скопските села Јаболци, Нова Брезница, Патешка Река, Држилово, Црн Врв, Малчиште, Елово, Осинчани со сите стопански и нестопански објекти на тој потег, каменоломите на Рудопроект, Беровиќ, Цементара Титан, хидроцентралата Патешка Река. Во истиот период без струја ќе бидат и жителите од селата Долно Соње, Горно Соње, Говрлево, Ракотинци, Маркова Сушица, Чифлик и Света Петка со сите стопански и нестопански објекти на тој потег.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани инвестиции во електросистемот.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја