Делови од Бутел утре без струја

Од:

Од 13 до 14 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Александар Турунџиев“, „Ферид Бајрам“ од број 31 до 48, „Рокомија“ и ОУ „Панајот Гиновски“ во општина Бутел.

В понеделник без струја од 8:30 до 12:30 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Никола Русински“ во општина Карпош, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од улиците „Рељо Шестокрило“, „Диме Мечето и Метохиска“ во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 9:30 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Гази Баба, скопското село Идризово, бензиската пумпа на „Лукоил“ и викендиците.

Од 11:30 до 14 часот без снабдување со струја ќе останат корисниците од село Ржаничино и фирмата „Кобу Продукт “ во општина Петровец.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час