Делови од Бутел, Карпош, Шуто Оризари и повеќе скопски села утре без струја

Од:

Корисниците од ресторанот „Александар“ и околните куќи, улицата „Радишанска“, маркетите Рептил, КАМ, и ГИГО во општина Бутел утре од 8:30 до 11:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од дел од село Горно Оризари, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од дел од село Долно Количани, селата Горно Количани, Пагаруша и Вртекица, објектите на МВР и АРМ на Солунска Глава, Драчевица, Цветово, населбата Мала Река, Равни Габер, Црвена Вода, Китка, Палиград, Алдинци, Караџица, и дел од корисниците од улицата „Московска“ кај пазарчето во општина Карпош.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе се и корисниците од улицата „Морава“, дел од улиците „Гвадалахара“, „Гарсија Лорка“, „Брсјачка буна“ и „Антонин Дворжак“ во општина Шуто Оризари, од 9:00 до 09:30 часот корисниците од дел од село Горно Оризари, дел од селата Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Голиево, и каменолом ГП Гранит, од 10:00 до 10:30 часот корисниците од дел село Мирковци, Кучевиште, Побожје, дел од селата Љубанци, Бродец, Малино Маало, Танушевци, Брест, и Кодра Фура.

Од 10:00 до 15:30 часот, без струја ќе се и корисниците од дел од улиците „Љуботенски Пат“, „Радишанска 30“ и околните подулички во општина Бутел, а од 11:00 до 11:30 часот корисниците од дел село Сандево, манастирот „Св.Илија“, караулата Рамно, дел од село Мирковци, Бањани, Горњани, и Чучер.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја