Делови од Бутел, Центар и Аеродром утре без струја

Од:

Од 8:30 до 14:30 часот утре без електрична енергија ќе бидат дел од жителите од село Љуботен, општина Бутел.

Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улицата „171“ во населбата Крњево, општина Центар. Од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Јордан Мијалков“ во општина Центар.

Од 4:30 до 5 часот без струја ќе бидат жителите од населбите Острово, Стар Аеродром и Ново Лисиче, во општина Аеродром.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради изведување технички зафати во електросистемот.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, дел од Чаир, Бутел и Железара се без струја

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија