Носителот на листата во Петтата изборна единица од Коалицијата за промени и правда Александар Делов денеска на прес-конференција во Кичево порача дека гласот даден за нивната коалиција значи глас за доброто на Македонија.
– Гласот за Коалицијата за промена и правда значи и глас даден за излез од бипартиското сивило, глас со кој во Македонскиот парламент повеќе никогаш нема да се повтори досегашното зло, мнозинсвото да си носи закони по негов терк и за нивни потреби кои беа на штета на народот, рече Делов.
Тој нагласи дека секој глас даден за, како што рече, криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е залудно даден глас.