Делегација на Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот на Судот, Зухту Арслан и уште двајца судии и судија известител на Судот, од вчера до 12 септември престојува во посета на Република Македонија.
Членовите на турската делегација ќе имаат билатерални средби со претставници на Уставниот суд на Република Македонија на теми „Уставната жалба во Македонија и системот на индивидуалната уставна тужба во Турција“ и „Тужбите пред ЕСЧП и одлуките против двете држави“.
Според агендата, турската делегација ќе биде примена од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и од министерот без ресор Аднан Ќахил.
Оваа посета, како што информираат од Уставниот суд на РМ, е продолжение на одличната соработка помеѓу двата уставни судови и е во рамките на Меморандумот за разбирање и билатерална соработка помеѓу уставните судови на Република Турција и Република Македонија склучен во 2007 година.