Делегација на општина Демир Хисар ќе ја посети турската општина Балчова

Од:

Делегација на општина Демир Хисар предводена од градоначалникот Марјанче Стојановски, во Турција ќе ги посети градот Измир и збратимената општина Балчова.

Од општина Демир Хисар информираат дека станува збор за возвратна посета, која се реализира на покана на збратимената општина од Турција чија делегација кон крајот на минатата године престојуваше во Демир Хисар.

– Одлуката за реализација на возвратната посета ја потврди и Советот на општина Демир Хисар, затоа што беше оценето дека треба да продолжи договорот за соработка, поврзувањето меѓу комуналните претпријатија, како и на институциите од областа на културата. Посетата ќе се реализира во почетокот на идниот месец, а главен фокус ќе биде ставен на инвестициската и економска поддршка која се очекува од турските бизнисмени, за што општина Демир Хисар ќе предложи посебен пакет понуди, информираат од тамошната локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

Орце Костов

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски

Публикација за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар

Ана Ололовска