Делчево се подготвува за уличната трка

Од:

По повод градската улична трка „Делчево трча за здрав живот“ во Делчево која ќе се одржи на 28 мај денеска во градот се одржуваат подготвителни трки и тренинзи.

Според Дејан Златковски еден од организаторите на трката денешниот настан се организира со цел учесниците да имаат подобра физичка подготовка.

– Оваа пробна трка која ја организираме е и официјална пробна тренинг- трка. Досега организациските работи одат добро, а во тек е и пријавувањето за учество на трката по електронски пат, но и кај сите наставници по физичка култура во градот, рече Златковски.

Тој додаде дека досега се пријавени околу 200 учесници за градската трка, но очекува овој број да биде двојно поголем. Во трката учество можат да земат сите граѓани.

Натпреварувачите се поделени во 10 категории и сите имаат различни должини на патеката за трчање. Учениците се поделени во одделенија. Патеката за најмладите до 7 години е со должина од 400 метри, додека за возрасните, над 18 години има две категории, женска трка која е 2,5 км и машка трка која е 5 км. Сениорската или патеката за пензионерите ќе биде со должина од 1,2 км.

Градската трка во Делчево се организира по втор пат, а организатори се Здружението на граѓани „Драмас“ од Делчево во соработка со Општина Делчево и Здружението на иселениците во Швајцарија „Рефрама“.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија