Делчево најтранспарентна општина во Источен Плански Регион

Од:

Со индекс на транспарентност од 41,67%, Општина Делчево е прва општина по веб-транспарентност во Источен Плански Регион и на деветто место на ниво на државата. Овој показател, според градоначалникот Горан Трајковски, ја потврдува заложбата на општината за подигање на активната транспарентност, при што како најдобра алатка за транспарентност е користена општинската веб-страница.

-За постигнување на овие зацртани цели, изминатиов период Општина Делчево донесе стратегија за надворешна комуникација, а две години по ред се изготвува и годишна програма за односи со јавност и промоција на општината. Значи работевме стратешки и плански, а од февруари годинава е активна и новата веб-страница. Паралелно се изработува и е-информатор, а се објавуваат и сите документи кои имаме законска обврска да ги објавуваме, но и информациите и податоците врз основа на активна транспарентност, истакна Трајковски.

Ова рангирање во првите девет општини на ниво на државата за Трајковски е доказ дека општината е на вистинскиот пат и во таа насока ќе се продолжи со уште поголеми активности.

Центарот за управување со промени вакво истражување има спроведено и во 2016 и во 2018 година, а истражувањето годинава е спроведено во периодот февруари-март 2020 година при што за добивање на резултатите се користени веб-страниците на сите единици на локалната самоуправа.

Индикаторите од ова истражување се составен дел на стандардите за е-транспарентност на единиците на локалната самоуправа, како дел од проектот „Граѓанинот на прво место“ финансиран од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он