Делчево ја гради првата атмосферска канализација во општината

Од:

Во населбата Милково Брдо во Делчево почна со изградба првата делница на атмосферската канализација, проект кој се содржи во Општинската стратегија за климатските промени работен по иновативната метода на зелена агенда со поддршка на Милеуконтакт Македонија и УСАИД.

Советникот од ЛЕР во Општина Делчево, Тони Стоименовски истакна дека вредноста на проектот е 5, 5 милиони денари од кои 1, 7 е учество на општината, а останатите се обезбедени од УСАИД.

– Ова е прв приоритет одбран од граѓаните на Делчево кои со години наназад при обилните врнежни имаа проблеми со поплавувањето на нивните дворови и куќи, бидејќи од аспект на атмосферските води, оваа улица беше тесно грло. Сега со интервенцијата, атмосферската вода ќе се канализира и ќе се носи во реката Габровчица, истакна Стоименовски.

Додаде дека целта на овој документ, но и на проектите содржани во него е да се намалат негативните влијанија од климатските промени во општината.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево