Дел од повеќе скопски општини утре без струја

Од:

Дел од корисниците во село Чардак утре од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без стурја, а од 8:30 до 11:30 часот електрична анергија ќе немаат и селата Чучер, Сандево, Мирковци, Горњани, Бањани и манастир Св. Илија во општина Чучер Сандево.

Без струја утре во период од  8:30 до 11:30 часот ќе биде село Сарај – делот околу Ореов лад и Хотел Сарај, како и улицата кон општината Сарај. Од 8:30 до 13 часот дел од улицата „Виктор Иго“, улицата „553“, улицата „368“, улицата „Дренак“ и улицата „Невена Георгирева Дуња“ општина Кисела Вода.

Од 8:30 до 15:30 часот утре без електрична енергија ќе биде дел од  селото Волково улица „5“ во општина Ѓорче Петров. Во период од 7 до 8 часот улица „Ленинградска“ и дел од „11 Октомври“ во општина Центар. Утре од 8 до 13 часот без струја ќе биде улица „Прашка“ броеви 54, 56, 58 и 60 и улица „Прташка“ зграда 19 во општина Карпош.

Без електрична енергија утре од 9 до 15 часот ќе биде дел од улицата „Борис Бојаџиски“ и улицата „Лука Геров“ подулици 14 и 16 во општина Ѓорче Петров и од 9 до 15 часот улицата „9-ти Мај“ во општина Центар. Од 12 до 15 часот утре без струја ќе биде  дел од село Сарај општина Сарај.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекините се инвестиции во електромрежата.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 95,91 евра за мегават час, на МЕМО 86,07 евра за мегават час

Поради пожар, дел од Чаир, Бутел и Железара се без струја

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски