Дел од Миладиновци и неколку скопски општини утре без струја

Од:

Дел од корисниците од село Миладиновци, во реонот после каналот кон селото Текија, утре од 6:30 до 10 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во период од 8 до 11 часот, без струја ќе бидат и корисниците лоцирани на улицата „Мишко Михајловски“ и дел од улицата „Антон Попов“ во општина Кисела Вода, а од 9 до 13 часот корисниците од улицата „Букурешка“ во општина Карпош.

Утре од 9 до 13 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „Корушка“, како и дел од улиците „Пролетерска“, „Вангел Дину“ и „Иван Цанкар“ во општина Ѓорче Петров, додека од 9 до 10:30 часот без струја ќе се и корисниците од улицата „Наум Наумовски Борче“ околу бројот 63, во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани зафати во мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз