Дел од Кисела Вода и Петровец утре без струја

Од:

Дел од корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ бр.1 и од улиците „Есенинова“ и „Балканска“ утре, од 7.30 до 8.30 часот, ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 7.45 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата од село Петровец кон село Огњанци, улицата „8“ и околните подулички во село Петровец, објектите на Еурека Пласт, Фазанерија и Еуроленд, корисниците од селата Бадар, Кожле, Катлановско Блаце и Тотинци, како и тунелот Катланово.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја