Дел од Кисела вода, Аеродром, Зелениково и Батинци денеска без струја

Од:

Денеска без струја ќе останат корисниците на дел од с.Батинци и дел од Општина Кисела Вода, поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје, соопшти РЦУК по добиено известување од „ЕВН Македонија“.

Во периодот од 9.00 до 15.00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од с. Батинци, Општина Студеничани.

Корисниците на дел од ул. Драчевска како и дел од ул. Речиште, Општина Кисела Вода, без струја ќе останат од 9.00 до 11.00 часот.

Без снабдување со електрична енергија ќе останат и корисниците на ул. Пандил Шишков бр. 3, Општина Аеродром.

Без струја во периодот од 9.00 до 10.30 часот ќе бидат и корисниците од с.Орешани, с. Таор, викенд населба Јане Сандански, Хајтек и Бујото Орешани, млекара Маско и сите стопански и нестопански објекти во тој потег, цела општина Зелениково со сите села кои припаѓаат на општина Зелениково (Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Градовци, Добрино, Дејковец, Вражале, Орешани, Таор како и викенд населбата Јане Сандански), во Општина Зелениково.

Во периодот од 9.00 до 10.30 часот без струја ќе бидат и корисниците на селата Студеничани и Морани, дел од с. Драчево кај Типо и Тулана, Бурдем пластик, фабрика Фруктал, Хајтек и Бујото како и млекарата Маско, во Општина Студеничани.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз