Деко се расплака во судница: Сите знаат колку генерации пораснаа во клубот и колку се грижев за нив

Од:

Газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов-Деко се расплака во судницата.

Обвинетиот Деко во обраќањето пред судот низ солзи зборуваше дека со години бил сопственик на клубот за кој рече многу се грижел и дека водел постојано сметка за безбедноста.

До ден денес не можам да поверувам што се случи таа вечер, девет месеци сум затворен во четири ѕида, кажа Јованов.

– Не можам да поверувам што се случи. Доколку би знаел дека фали нешто ќе преземев се за да се отстрани на време. Во тој клуб имам пораснато десетици генерации, сите добро ме познаваат и знаат колку се грижев за безбедноста. Знам каква болка чувствуваат семејствљта затоа што и ние во нашето семејство имамеви починат и повреден и ја имаме истата болка, изјави Деко.

На неговата изјава бурно реагираа родителите на жртвите.

Би можело да ве интересира

Вештак на судењето за „Пулс“: Документацијата за дискотеката била делумна и немала правна важност

Обвинителството го оспори вештачењето за „Пулс“: Русески не ги исполнува стручните и методолошките стандарди

Шилегов бара преиспитување на обвинението за „Пулс“, родителите реагираат: Не може да се споредуваат различни случаи

Горан Наумовски

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Газда Деко ќе им е сведок на деветмината полицајци обвинети во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот