Меморандум за соработка за интеграција и унапредување на потребите на сите деца и младинци кои имаат оштетен вид, денеска потпишаа директорите на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и директорот ДУРДМОВ „Димитар Влахов ”Никола Шалваринов и Горанчо Јакимов.
Како што соопштија од Агенцијата, на средбата било договорено, при реализацијата на Летната школа 2019 година, да се овозможи на група деца и млади од оваа категорија да учествуваат на истата, а со тоа преку соодветни содржини и активности да им се приближи македонскиот јазик, култура и традиција како и дружба со нивните врсници.