Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип., на прес конференција објави разговори за кои рече дека се меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.
Во нив, вели, се гледа што мислат Јанкуловска и Ставревски за вицепремиерот Владимир Пешевски. Тие според СДСМ, велат дека е дебело ѓубре, безобразен и нечесен човек, куп месо и многу злобно човечиште..
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
ЗС: Ваква подлост, нечовечки…
ГЈ: Ѓубре дебело, ѓубре.
ЗС: И шефот му ја препратил одма, му напишал Владо вака ли се договоривме да биде изненадување у недела и после ми одговори дека ептен сум.. вика не се секирај ќе средиме се да си дојде на свое место. Ама, не е во тоа работата. Значи која доверба ја утре да ја имам у првиот соработник у владата, така?
ГЈ: И не е ова ексклузивен случај па ќе речеш нешто му се испуштило, систем на работа е.
ЗС: Абе не ми го праи мене, на Никола Груевски му го праи.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Значи премиерот се спрема, викам јас организирам со трите комори да направиме спектакл, настан, едно друго.
ГЈ: Да бе, да.
ЗС: Типов искача на прес за друга тема и одговара на прашање, нарачано се разбира, за прв да каже нешто.
ГЈ: Ѓубре… и гарант од некој комуњарски медиум е значи ќе ти остане и необработено ко шо треба.
ЗС: Нечесен човек, значи невидена работа.
ГЈ: Многу подмокло.
ЗС: Ми е одмилено од све, ја се праам будала, секој ден ми го поставуваат прашањето, ја секој ден одговарам ко идиот сум сам пред себе.
ГЈ: Да бе да, у собрание те рибаат.
ЗС: Шо ја не знам да го одговорам на друг начин или не знам дека ќе ги враќаме долговите. Ја коа го знаев тоа, никој жив не го знаеше. Значи ја сум го смислил, ја сум го изработил, со третиот човек на светска банка договорив да ни дадат 250 милиони евра што на никој не ги даваат у денешно време, по втор пат ни даваат кредит за кој што има одлука у светска банка да не се дава на ниедна земја двапати таков кредит, гаранција е тоа не е кредит разбираш.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Гаранција со која што ни го покриваат ризикот како земја, и наместо 8,5% камата ја ќе зеам со 4,5% кај деловниве сити банки акциите што се.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: И ќе ги истурам компанииве со 200 милиони евра пред избори и стопанство, граѓаниве, сите. Идиотов иде со изјава.
ГЈ: И Хипо.. и тоа без врска ко да е странична работа, давам еколошка дозвола и ова успат го одговара, а ова е бомба у јавноста.
ЗС: Не може ова вака, ова е…
ГЈ: Идиот невиден.
ЗС: Мислам, смачено ми е од ножови у грб бе Горде.
ГЈ: Јас ти викам зборам на телефон и го видов насловот.
ЗС: Не бива вака, земи сработи си го па кажи што сакаш да кажеш и ако се договориш, ама немој бе на туѓ труд.
ГЈ: Не, ама колку работи има што ја можам да ги кажам па не ги кажувам за да оставам простор, или ти не ги кажуваш за да оставиш простор да се изменаџира. Лесно е да излезеш, да поентираш, ама треба да излезеш и кога не е за поентирање.
ЗС: Кај беше копилето за рецесијава да даде изјава. Кај се криеше у која пизда му матер негова дупка.
ГЈ: Ѓубре, ѓубре мислам.
ЗС: Свиња дебела, куп месо.
ГЈ: Многу, многу злобно човечиште.
ЗС: Пичка ли му материна негова. Кај го смисли онаков лош, злобен и невоспитан. Па у Влада уште ми седи.
ГЈ: Безобзирен, безобзирен.
ЗС: Пичка ли му матер негова.