Дебата за професионалните новинарски принципи и начините за нивно подобрување

Од:

Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска беше одржан состанок посветен на професионалните новинарски принципи и начините за нивно подобрување.

Со цел да се слушне мислењето на дел од фелата на оваа тема, свои излагања на состанокот имаа Зоран Фиданоски, член на Советот на Агенцијата, Иван Мирчевски, претседател на Македонската медиумска асоцијација и директор на ТВ Канал 5, Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите и Дејан Георѓиевски, претседател на Центарот за развој на медиуми, кои ги пренесоа своите видувања и искуства за актуелните аспекти поврзани со медиумите, новинарската одговорност и начините како до повисоки новинарски стандарди во новинарството.

Заедничка констатација на сите учесници, како што е истакнато во соопштението од Агенцијата, е дека новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и право да коментираат на чесен, објективен и точен начин, да истражуваат и да ја задржат етиката во информирањето.

– Професијата новинар настојчиво да се унапредува, да се вложува во доедукација на новинарскиот кадар и квалитетот на начинот на информирање, преку формирање на така наречените „редакциски школи“ во рамки на медиумите. Медиумите и новинарите да бидат одраз на доверба и да го штитат јавниот интерес, непристрасни со интегритет, уредничка независност и саморегулација преку примена на морални санкции кон оние кои не ги почитуваат професионалните стандарди и Кодексот на новинарите. Да се овозможи стабилно финансирање на медиумите, а тие пак од друга страна сериозно да ја сфатат важноста на улогата која треба да ја имаат во општеството, односно неопходноста на граѓаните да им обезбедат различни вистинити и објективни информации и гледишта за сите општествено-политички прашања, се наведува во соопштението.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски на состанокот ги презентираше активностите коишто Агенцијата ги има реализирано во изминатото тримесечје.

Како што е наведено во соопштението од Агенцијата, покрај извршените редовни надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и издавачите на печатени медиуми, реализирани се и голем број на вонредни надзори реализирани по службена должност за повеќе за повеќе законски одредби, вклучувајќи го членот 61 (начела за вршење на дејноста) и членот 48 од ЗААВМУ (забрана за говор на омраза), при што кај една телевизија е констатирано прекршување на начелата за вршење дејност, додека кај друга поттикнување дискриминација по етничка припадност и врз основа на припадност на маргинализирана група. Вкупно 21 мерка – опомена е изречена на радиодифузерите, 4 мерки-опомена на кабелските оператори и 2 мерки-опомена на изавачи на печатени медиуми. Донесена е една Одлука за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис, музичко – говорно радио од општ формат, на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Кривогаштани, и една Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на една дозвола на непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на ромски и македонски јазик, на подрачјето на општина Штип.

За потребите на Агенцијата, се додава во соопштението, изработена е Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитно радио на локални ниво, на подрачјето на општина Штип, и Истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално и локални ниво, за првите четири месеци од 2017 година.

Во изминатото тримесечје, Агенцијата изработи и Анализа на поведените прекршочни постапки против радиодифузерите, операторите на јавна електронска комуникациска мрежа и издавачите на печатени медиуми во периодот од 1 јануари до 31 декември 2016 година, а од неодамна ја почна и подготовката на Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот 2018-2022 година.

Агенцијата, како што е истакнато во соопштението, изминатиот период во неколку наврати остро осуди неколку насилства врз новинарите и новинарските екипи, како и закани упатени кон една регионална телевизија, потенцирајќи дека секое насилство врз медиумите е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на изразувањето. Од Агенцијата апелираат до медиумите да ја преземат одговорноста да известуваат објективно и непристрасно, да не пренесуваат шпекулации и непроверени информации, но и да не сокриваат факти, туку стриктно да се придржуваат до професионалните начела за вршење на дејноста.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on