А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дебата за можноста за тренинг на кучиња водичи за слепи лица во Македонија

by А1он25/10/2018 - 13:47270
Share0

Можноста во Македонија да се отвори училиште за тренинг на кучиња кои ќе им помагаат на слепи лица и искуствата како функционира тоа во Швајцарија, беа темите на денешната дискусија „Кучиња водичи за слепи лица во Македонија“ во рамки на 64. Европски форум на лајонси што се одржува во Скопје.

Добивај вести на вибер

– Идејата е да презентираме како ова функционира во Швацарија, како ги одржуваме училиштата за тренирање кучиња водичи за слепи лица и да видиме дали можеме истото да да го направиме во Македонија и да им помогнеме на слепите лица и лицата кои имаат проблеми со видот, рече Јург Вогт, од Лајонс клубот од Швајцарија.

Идејата е, додаде тој, Лајонс клубот од Македонија да отвори или да помогне да се отвори вакво училиште, а ние, како што потенцира, ќе направиме се да ви помогнеме тоа да го реализирате.

Билјана Цонеска Јованова, од Лајонс Македонија потенцира дека станува збор за проект за помош на слепи лица, преку тренинг на кучиња кои би им помагале.

– Идејата е да се отвори вакво училиште во Македонија. Такви училишта функционираат во многу земји во светот и тие се од голема помош за слепите лица. Очекуваме дека доколку го отвориме училиштето во Македонија идната година до 2023 би имале истренирано куќе за помош на слепи лица, рече Цонеска Јованова.

Таа потенцира дека очекуваат помош и поддршка и од Јург Вогт, од швајцарскиот Лајонс, но и поддршка лајонсите од сите земји во Европа, грант од фондацијата на Лајонс клуб интернационал која се наоѓа во Чикаго и оти со таква поддршка ќе ја остварат идејата.

Во Швајцарија веќе функционираат четири вакви училишта.

slepi lica

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид

Ана Ололовска04/01/2022 - 11:07

Апликацијата со која слепите лица пишаниот текст ќе го слушаат во аудиоформа достапна и на албански јазик

Ана Ололовска06/12/2021 - 12:4106/12/2021 - 14:00

Слепите лица и лицата со пречки во видот добиваат бесплатна дигитална алатка – Аудио читач “Кико”, достапна на македонски јазик, применлива без интернет поддршка

Ана Ололовска15/07/2021 - 12:34

Национален сојуз на слепи: Еднаш годишно направете офталмолошки преглед

Ана Ололовска15/10/2020 - 08:33

Здружението на слепи лица во Штип со проект за надминување на предизвиците од коронакризата

Ана Ололовска05/09/2020 - 15:5605/09/2020 - 15:56

Достапноста до книгите за лицата со оштетен вид води до подобро образование и социјалната интеграција

Ана Ололовска29/11/2019 - 09:4029/11/2019 - 09:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен