Дарио Николовски избран за претседател на Здружението на директори на училишните и студентските домови

Од:

Дарио Николовски, актуелниот директор на Државниот студентски центар „Скопје“, е избран за претседател на Здружението на директори на училишните и студентските домови во Република Македонија.

Николовски во петокот беше едногласно избран од директорите на сите домови кои го сочинуваат здружението. Тој ја презема функцијата од досегашниот претседател Блаже Митев, кој е актуелен директор на ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје.

„Ќе се заложам за подобрување на состојбата на сите студентски и училишни домови. Ова е голем предизвик за мене и верувам дека ќе покажам добар резултат. Им благодарам на сите директори кои едногласно ми ја дадоа довербата.“ – изјави Николовски.

Здружението работи на подобрување на состојбите во домувањето на студентите и учениците. Дарио Николовски како директор ќе го претставува здружението пред институциите и ќе биде одговоен за комуникација и спроведување на програмата и плановите. Здружението располага со сопствен буџет и покрај другите одговорности, ги организира студентсктие и ученичките манифестации и настани во земјата.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска