Даниел Кајмакоски од болница побара разбирање од медиумите: Да оставиме надлежните органи да си ја вршат работата

Од:

Пејачот Даниел Кајмакоски преку социјалните мрежи побара разбирање од медиумите и се заблагодари за грижата и поддршката. Тој во петокот бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Пријавил дека бил на средба со поранешната сопруга која му дала кафе од кое му се слошило.

„На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница. Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации. Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот“, напиша на „Фејсбук“ Кајмакоски.

Тој од вчера не одговара ниту на телефонските повици ниту на пораките на мобилниот телефон.

Неговата поранешна сопруга, Кристина Димитријевска, рече дека не сака да ги коментира обвинувањата.