Данева: Владата со реклами ќе не учи како да се сакаме и почитуваме

Од:

„Верувале или не, владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, партии кои самите произведуваат конфликт, самите предизвикаа тензии преку низа настани кои ги заострија меѓуетничките односи, сега ќе го решаваат проблемот, не со подобрување на своето однесување, туку со нова рекламна кампања. Владата која постапува тотоално спротивно на принципите за соживот и мултиетничко живеење, ќе го учи народот како да се сака и почитува. Ова е лицемерно и крајно навредувачки“, рече на прес конференција Ана Павловска Данева.

Едно треба да сфатат и Груевски и Ахмети, вели Данева, вистинска промоција на вредностите на мирен соживот и взаемно почитување се прави со конкретни дела, конкретни постапки и политики. Рекламните кампањи, во услови кога самите тие одбиваат јавно да се сретнат, или избегнуваат да и се обратат на јавноста, е играње играчки кои може лесно да се претворат во плачки.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“