Еден од фронтмените на „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски пред демонстрантите кажа дека ги чекало борба и дека само сплотени и здружени таа борба може да се добие.
– Овие внатре, 120 ние ги пративме, ние ќе ги извадиме. Оваа тиранија, оваа лага веќе не живее тука, еве не, како и секој ден, знаеме што правиме, знаеме што бараме. Сплотете се бидете едно, наравете го најголемото оро, оро на слободата, почувствувајте го тој до себе, не чека борба, само вака сплотени и здружени ќе победиме, порача Дамовски.