Дамјановски се сретна со жителите на кумановската населба „Гоце Делчев“

Од:

Хортикултурно уредување, два мини парка и довршување на неколку улици во кумановската населба „Гоце Делчев“, вети кандидатот за градоначалник од СДСМ и Сојузот за иднината Зоран Дамјановски на вечерашниот мини митинг на кој презентираше дел од проектите опфатени во програмата „Наше маало“.

– Куманово и во наредниот период ќе продолжи да се гради, задржувајќи го концептот на модерно мултиетнчико европско Куманово кое ќе пружи еднакви можности за развој, рече Дамјановски.

Пред жителите од „Гоце Делчев“ Дамјановски најави хортикултурно уредување помеѓу стамбените единици и во близина на училиштето „Кочо Рацин“, а воедно најави реконструкција на улиците, поставување на тротоари и довршување на канализациската мрежа на потегот кон „Васко Карангелевски“.

Дамјановски ги најави и клучните проекти изградба на еколошко-енерегетски комплекс, горилница за цврст отпад во Доброшане, како проект на североисточниот регион кој со средства од европските фондови и јавно приватно партнерство ќе овозможи решавање на проблемот со цврстиот отпад, изградба на административно-деловен комплекс во строгиот центар на градот, завршување на базенот, спортски сали, три градинки, изградба на економска зона.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада