Дамјановски отвори промотивен штаб на градскиот плоштад во Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Куманово Зоран Дамјановски и носителот на советничката листа Максим Димитријевски денеска присуствуваа на отворањето на промотивниот штаб на Сојузот за иднината, лоциран на градскиот плоштад во Куманово.
Дамјановски најави дека од задутре ќе биде промоворана програмата во која, како што рече, опфатени се два дела.

– Првиот дел опфаќа капитални инвестиции, оние кои се од општ интерес за кумановци. Вториот дел е „Нашето маало“ и опфаќа конкретни проекти кои се инспирирани од самите потреби на граѓаните во одредена месна заедница, истакна Дамјановски.

Програмата, како што најави Дамајновски, ќе биде дистрибуирана во 15.000 домови. Тој нагласи дека меѓу капиталните проекти се завршување на гасификацијата, доизградба на затворениот базен, изградба на економска зона, мини пречистителни станици, изградба на еколошко-енергетски комплекс горилница за цврст отпад.

Дамјановски пред присутните потенцира дека реализирал над 85 отсто од ветените проекти во изминатите два мандати како градоначалник на општина Куманово.

На денешното отворање на промотивниот штаб присуствуваше и Радмила Шеќеринска, која рече дека во најголемата општина очекува најголема победа на 24 март.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“