Дамева: Нема основ за носење одлука за продолжување на мандатот на претседателот на Судски совет

Од:

Претседателката на Судскиот совет – Весна Дамева попладнево се огласи со соопштение до јавноста по информациите објавени од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, дека во Судскиот совет зад затворени врати се разговарало за продолжување на нејзиниот мандат.

Во соопштението, таа вели дека согласно членот 8 став 2 од Законот за Судскиот совет, мандатот на претседателот на Советот трае две години, но, исто така, додава дека неспорен е фактот дека нејзиниот мандат бил прекинат од 26 април 2023 година, кога незаконски беше смената од функцијата, до 3 јануари 2024 година.

„Навистина изненадуваат толкувањата за некакво продолжување на мандатот надвор од утврдениот законски период од 2 години, при постоење на неспорен факт дека при извршување на истиот, постои прекин. Јавноста има право да знае за секоја донесена одлука на Судскиот совет, но во конкретниот случај, ниту е донесена одлука, ниту постои основ за донесување на истата бидејќи по истекот на мандатот на претседателот на Советот како точка на дневен ред задолжително како законски основ се констатира единствено престанок на мандатот“ – вели Дамева во соопштението.

Таа додава дека сметала оти е потребно да се дефинира точниот датум до кој треба таа да биде на чело на Советот.

Вели дека биле консултирани и правни експерти и еминетни стручни лица од областа на правото, кои само го потврдиле ставот на мнозинството дека мандатот „треба фактички да се извршува две години“.

„На јавноста ѝ е добро познато дека функцијата претседател на Судскиот совет фактички не ја извршував две години, па од почит кон јавноста и Вас, новинарите сметав за потребно да известам за овие околности, пласирани од поединци, на кои очигледно им пречи претседавањето на Судскиот совет од моја страна. Ова особено од причина што во изминатиот период во Судскиот совет, по сите предмети се постапува брзо и ажурно, а Советот бележи исклучителни резултати во насока на подобрување на состојбата, со цел имплементација на препораките на Оценската мисија на ЕУ. Лично сметам дека на граѓаните воопшто не им е важно кој е претседател на Судскиот совет, кое е внатрешно, интерно прашање на Советот, но многу им е важно дали претседателот ја извршува својата работа совесно, стручно и согласно закон и дали се постапува навремено и законито во врска со иницираните предмети, претставки и барања за утврдување на одговорност“ – наведува Дамева.

Нејзината реакција следи откако денеска на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, напиша дека Советот донел заклучок со кој сака да менува законска норма.

Би можело да ве интересира

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Собранието ги разреши, но одлуката е на членовите на Судскиот совет дали ќе заминат

Доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно, можно е да им се случи народ, порача Мицкоски

Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми, а претходно и на Дамева

Милошоски: Демократски зрело е членовите на Судски совет да си поднесат оставки после изгласана недоверба

Предраг Петровиќ