Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје

Од:

Даме Димитровски е избран за претседател на Советот на Град Скопје.

Тој доби 23 гласа на денешната конститутивна седница на Советот, а беше предложен од советникот Луке Галески, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитровски доби поддршка од коалицијата „Твоја Македонија“, ЗНАМ и ВРЕДИ, но за него не гласаа советниците на Левица и СДСМ иако рекоа дека сепак, ќе го поддржат во работењето.

Во обраќањето по изборот, тој рече дека ќе се залага Скопје да стане подобро место за живеење, да има почист воздух и почиста животна средина, подобар јавен превоз, поквалитетно управување со отпадот.

-Како претседател ќе се залагам за три клучни принципи во работата на Советот. Прво: транспарентност – секој граѓанин ќе има право да знае како се носат одлуките, каде се трошат јавните средства и како ќе се реализираат проектите. И ќе ги отвориме вратите за јавноста. Ќе промовираме дигитална достапност и отчетност во секој чекор на Советот. Второ: дијалог – ова Собрание ќе има различни ставови за различни прашања, но не смее да има непријатели во Советот. Трето: визија – Иако градот има многу дневни проблеми, сакаме да градиме и Скопје за следните генерации. Да вложуваме во трајни проекти, зеленило, урбана култура, иновации и во нови можности за младите, истакна Димитровски.

Тој најави дека ќе ги води седниците на Советот на Градот во духот на почитувањето, аргументираната дебата и конструктивноста.

-Ова не треба да биде само Совет што зборува, туку прво треба да биде Совет што слуша, подвлече Димитровски и дополни дека ќе биде претседател на дијалогот, а не на поделбите.

Би можело да ве интересира

Витина: Продолжуваат градежните активности на дивоградбата на 100 метри од полициска станица

А1он

Приватните превозници ќе добиваат надоместок по остварен километар

Совет на Град Скопје: Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници

Вонредна седница на Совет на Град Скопје за барањата на приватните превозници

Катерина Ѓуровски

Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на советот на Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Витина: Ако има иницијатива, Славески мора да свика вонредна седница на Советот

А1он