Дали Зоран Сулејманов ќе има посебен статус или ќе го „испратат“ во пензија со 64 години?

Од:

Наредната недела, или поточно во петок на 17-ти март, членот на Советот на јавни обвинители Зоран Сулејманов треба за последен пат да дојде на своето место. На својот 64 роденден тој треба да замине во пензија.

Но, досега, како за другите обвинители, Советот нема расправано за ова.

Сулејманов, кој е најжестокиот критичар на Специјалното јавно обвинителство, беше еден од членовите на Советот, кој го следеше послушно ставот на Петре Аневски и Марко Зврлевски и гласаше за пензионирање на обвинителите со 64 години, иако им беше укажано дека го кршат Уставот и Законот за работни односи, не го почитуваат ставот од автентичното толкување на законодавно-правната комисија.

Главно беше власта да се „ослободи“ од непослушните обвинители. Судиите од Основен, каде пензионираните обвинители се жалеа, одлучија дека мнозинството во Советот на јавни обвинители, не го применила законот правилно и дека и тие како и сите вработени, доколку навреме поднесат изјава, можат да работат до 67-годишна возраст.

Но и ова не е доволно за власта, па се жалат на одлуката до Апелацискиот суд.

Член 35 од Законот за Советот за јавни обвинители како еден од условите за престанок на функцијата навел дека тоа е со исполнување на условите за старосна пензија согласно со закон.

Сега е период на тактизирање, па се чека каков ќе биде исходот од составување Влада, па после да се донесе одлука, иако состојбите се сосема чисти и дека на обвинителите им се одзема загарантираното право кое го имаат другите вработени.

Би можело да ве интересира

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

Орце Костов

Здружението на јавни обвинители реагира по најавените законски измени за платите

Ние сме мала земја со многу јавни тајни и малку разрешници, кажа Грковска на дебата за Законот за конфискација

Штрајкуваат обвинителите – бараат зголемување на платите за 78 отсто

А1он

OJO: Мал број обвинители, а многу работа, се намалија заостанатите нерешени предмети

Грковска: Судиите и обвинителите мислат дека се политичари, одлуките ги носат врз основа на политичка проценка

Орце Костов