А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дачиќ: Очекувам екстрадиција на Рамадани, но тоа е внатрешно прашање на Северна Македонија

by А1он25/07/2024 - 13:4025/07/2024 - 14:12573
Share0

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, очекува македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, но истакнувајќи притоа дека тоа е внатрешно прашање на Северна Македонија.

Добивај вести на вибер

-По многу луѓе кои учествуваа во тие злосторства за време на војните имаше распишано потерници, тие се и уапсени врз основа на тие потерници. Ние очекуваме дека ќе биде донесена одлука за екстрадиција, но тоа е внатрешно прашање на Северна Македонија, одговори Дачиќ на прашањето дали добил одговор од македонската Влада дали ќе го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Рамадани.

МВР на 18-ти овој месец на граничниот премин Јажинце, на влез во државата го лиши од слобода Б.Р.(47) од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија. Од косовското МНР потоа информираа станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме. Оттаму од македонските власти побараа негово ослободување.

Ден по приведувањето, на 18 јули, Основниот кривичен суд Скопје, на барање на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на Рамадани му определи екстрадициски притвор. Неколку дена подоцна, ветерани и членовите на семејството на поранешниот припадник на ОВК Рамадани, протестираа пред Основниот кривичен суд во Скопје и бараа негово ослободување.

На друго новинарско прашање дека косовските власти барале екстрадиција на Милан Радојчиќ, за којшто косовскиот премиер Албин Курти кажал дека Радојчиќ се подготвувал за нови нереди и дали Србија е подготвена да го екстрадира, Дачиќ одговори дека секој облик на комуникација се одвива преку ЕУЛЕКС.

-Не знам вие дали разбирате дека Србија не го признава Косово и тоа е апсолутно небулозно. Ние се што работиме, работиме со ЕУЛЕКС, и на таков начин баравме и добивавме информации врзани за сите тие процеси. Така што, никаква екстрадиција внатре во Србија не е возможна, а Србија е држава која во својот состав го има и Косово, така велат и Обединетите нации. Полициската соработка се одвива исклучиво преку ЕУЛЕКС, одговори Дачиќ.

Dacic

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Најмалку 42 полицајци се повредени, некои се со потешки повреди

Горан Наумовски15/08/2025 - 11:4715/08/2025 - 12:27

Дачиќ: Хрват е уапсен за време на вчерашните протести, толку од приказната дека немаат никаква врска со надворешни фактори

Горан Наумовски15/08/2025 - 08:1715/08/2025 - 09:32

Дачиќ: Најмалку пет полицајци повредени, засега 14 лица уапсени за напади врз полиција

Горан Наумовски14/08/2025 - 23:06

Дачиќ за насилството на блокадите: Нападнаа без причина, полицијата вечерва ги бранеше животите на граѓаните и сопствените животи

Горан Наумовски13/08/2025 - 23:00

Дачиќ: Секој притисок врз Србите во БиХ е всушност притисок врз Србија

Горан Наумовски11/08/2025 - 18:55

Дачиќ: Во пожарите во Србија спасени се повеќе од 10 лица, едно лице е повредено

Горан Наумовски27/07/2025 - 09:2627/07/2025 - 09:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен