Лидерот на СДСМ Зоран Заев објави снимки за кои посочи како се одвивала комуникацијата за добивање провизија од Израел за набавка на опрема за тајната полиција-доаѓањето на човекот од израелското министерство за одбрана, средбите во еден скопски хотел, договарањата како да се внесе опремата на граница.
Разговор помеѓу Светлана Костова и Сашо Мијалков
СК: Молам.
СМ: Светле што правиш?
СК: Еве читам директоре.
СМ: Читаш а?
СК: Да, на работа сум.
СМ: Кажи ми кој е сега дојден?
СК: Хаим е дојден.
СМ: Кој Хаим?
СК: Хаим од Министерство за одбрана, овие што се…
СМ: Аха.
СК: Нели луѓето отидоа во инспекција, во….
СМ: Добро.
СК: …во Русија, и они се овде да се договориме за последните детали.
СМ: Добро, види вака сега. Памтиш што требаше да се договориме или не?
СК: Да да памтам.
СМ:Што?
СК: Треба да има, да видиме тие 200 илјади за провизијата како да ги донесат, што да направат, да ги пренесат преку банка или не? Да видиме кога ќе заврши како стоката ќе стигне кај нас и тие детали.
СМ: Добро. Океј. Види вака сега, јас сум, ја ќе го примам накај 2-3 саат кажи му. Јас сум сега на помен, не знам кога ќе завршам, ама кажи му во 2 или пред 2 ќе го побараме и ќе му кажеме и ќе го примам. Ајде
СК: Добро, добро, они се во хотелот, не е проблем.
СМ: У кој хотел се?
СК: Во Бест Вестерн.
СМ: Добро.
СК: Секогаш се таму.
СМ: Ајде.
СК: Во ред.
Разговор помеѓу Светлана Костова и Сашо Мијалков
СК: Ало
СМ: Еј Светле?
СК: Директоре, повелете.
СМ: Си ме барала нешто?
СК: Молам?
СМ: Си ме барала, викам.
СК: Па да, ве барав, во недела нели одам во Тел Авив.
СМ: Што?
СК: Во недела нели заминувам.
СМ: Кој?
СК: Јас, во Тел Авив одам, нели.
СМ: Ааа да, одиш, да.
СК: Да, е…
СМ: Кога се враќаш?
СК: Во недела на ручек.
СМ: Кога се враќаш?
СК: Аа, кога се враќам, на 17-ти.
СМ: Тоа значи за…
СК: Во петок се враќам одма.
СМ: Во петок, добро.
СК: Да.
СМ: Ок, и?
СК: Вака значи, проверив кај Влатче, од второто, од оние 840 илјади новите, веќе има стигнато повеќе од 100 илјади.
СМ: Повеќе од колку?
СК: Сто илјади, така нешто.
СМ: Тоа е малце.
СК: Тоа беше во петокот. Меѓутоа сега денеска не знам, затоа што стигаат, вика, постојано стигнуваат пари.
СМ: Имам ја пропуштен позив од сабајле од нив, сега ќе ги барам да видам до каде е таа работа.
СК: Кажете ми, они прашуваат, дали веќе и третиот да го пратат или не?
СМ: Ај нека почекаат денеска и утре, важи?
СК: Добро, ама вие да ми кажете пред да одам за да знам што да му кажам.
СМ: Ќе ти кажам обавезно, ќе се слушнеме на телефон. Ајде.
СК: Добро. Во ред, благодарам.
Разговор помеѓу Светлана Костова и Сашо Мијалков
СК: Молам. Ало.
СМ: Ало?
СК: Да.
СМ: Што правиш Светле?
СК: Еве на работа директоре.
СМ: Подработуваш?
СК: Да. Повелете.
СМ: Кажи ми сега овој договорот што е за донацијата,
СК: Добро
СМ: Готов е?
СК: Да. Со тоа што да договориме дали во прилогот ќе оди опремата цела.
СМ: Ммм…
СК: Како прилог 1 на договорот мора да оди спецификација на опремата, да не биде во договорот.
СМ: Ама треба да се видиме за таа работа.
СК: Да.
СМ: Кога треба договорот да се потпише, утре?
СК: Еве кажете кога. Кажете директоре.
СМ: Светле, ај утре у 11 саат биди кај мене на работа, добро?
СК: Нема проблем, ќе дојдам.
СМ: И да се договориме за царината.
СК: Да, да ќе дојдам, во ред.
СМ: А кажи ми со царината како стојат работите?
СК: Молам?
СМ: Со царината како стојат работите?
СК: Се сретнавме ние со Влатче тогаш, му ги дадов, му укажав кои документи треба и сега треба да видиме како ќе го регулираме тоа. Се надевам дека му се спремни документите.
СМ: На Влатко му се спремни, но кој треба да одлучи за таа работа?
СК: Како кој треба да одлучи за таа работа?
СМ: Па околу царината?
СК: Ако одиме преку МВР, можеме и преку МВР да одиме. Нашите…
СМ: Нели може да има и ослободување?
СК: Да де да, меѓутоа тој што ја внесува робата, тој ќе треба, мора да побара.
СМ: Да побара?
СК: Да, да побара, барање да има, има образец за барање за ослободување од…
СМ: Кога треба тоа да се случи?
СК: Во моментот кога стоката ќе стигне на граница. Или претходно…
СМ: Тогаш. Ама претходно мора да биде договорено тоа
СК: Да. Со Царина мора да се договори. Ако како МВР настапуваме за опремата…
СМ: Светле,
СК: Молам.
СМ: А да се видиш ти сега со Влатко ако можеш? Да не оставаме ние утре, утре е последен ден, задутре стига робата.
СК: Ќе се видам меѓутоа директоре дали ќе настапуваме како МВР во однос на опремата со Царина?
СМ: Како МВР како другачие?
СК: Па тогаш имаме ние служба, од кај Ѓоко, имаме човек што е одговорен за царина и што ги знае сите луѓе таму.
СМ: Кој
СК: Од кај Ѓоко има луѓе што се надлежни за тоа, можеме со нив да, да направиме договор и со Царина.
СМ: Е па не е лошо сега ти да се сретнеш и со Влатко и со луѓето од кај Ѓоко и да ја договорите работата.
СК: Добро.
СМ: Океј? Да не ја оставаме за утре.
СК: Океј. Добро.
СМ: Може?
СК: Може.