Поради состојбата со браната на Слатинското Езеро, Министерството за животна средина и просторно планирање и препорачува да се избегнува движење во нејзината непосредна околина.
Препораката пред се се однесува на риболовните друштва и спортските риболовци, со оглед дека започнува риболовната сезона, соопшти денеска Министерството за животна средина и простотрно планирање.
Според Министерството, се преземаат активности за спас на рибниот фонд преку преселување на соодветни локации.