(ВИДЕО) Да разубавиме со едно барокно зградиче

Од:

Насилието доаѓа од Никола Груевски и се спушта по вертикала. Груевски пикирал парк кај хотелот Бристол Скопје и бара да никне барокна зграда, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев и објави разговор помеѓу како што рече Миле Јанакиески и Никола Груевски.

-Груевски го пикирал паркот каде сега се гради објеткот на Советот за радиодизузија, и вели дека сакал да го разубави просторот со барокно зградиче, зашто сегашните биле грди.

Јанакиески му вика дека ќе биде начичкано, а Груевски возвраќа ако, зошто ако живеат комуњари во зградите, тогаш кој ги ебе.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груески

НГ: Ја го имам пикирано она земјиште, знаеш каде, спроти Бристол. Што остана, нели на едниот ќош ставивме две згради кај што е и гаражава,
МЈ: Добро.
НГ: А на другиот ни остана не стаен, ама многу ќе се будат станарите у п___ матер.
МЈ: А оваа, сега не знам за кого Ви е таа, Славе ми ја покажа некни, кај…од кај Алпине накај библиотеката. Таа е убава локација, таа е една подолга, ама не знам да не е голема.
НГ: Од Аплине накај која библиотека?
МЈ: Накај МНТ, натаму. Од Алпине, во продолжение на Алпине, тука кај…
НГ: Е па таа е за Радиодифузија.
МЈ: Аха, добро.
НГ: Тоа е кај МОБ, така, кај тоа тревњакот на МОБ.
МЈ: Е тука, да.
НГ: Тоа е за Радиодифузија.
МЈ: Само два ката таа да биде?
НГ: Па 2.000 квадрати, не знам колку ката ќе биде.
МЈ: Мхм. Океј.
НГ: Колку им треба-толку. На нив им требале 2.000 квадрати.
МЈ: Баш тука голо е тоа, и добро е, таа локација ќе се затвори целата.
НГ: Да, ако е чиста, сега ќе видиме.
МЈ: Знам, беше Славе кај мене, почнавме да испитуваме
НГ: Да, за таа рачунам више, Славе си тера тоа и ќе биде. Мене ми е сега оваа, страв ми е, дали да ризикувам едно 50 гласа ќе изгубиме тука, за у таа зградата, а?
МЈ: Градежна експанзија беше, Славе ми ја даде.
НГ: Миле!
МЈ: Да, да, Ве слушам за тоа.
НГ: За ова спроти Железничка, од левата страна, кога гледаш од кај Стара железничка од лева.
МЈ: Да де, знам, знам. Знам каде е.
НГ: Да ризикуваме или не, што викаш?
МЈ: Тука има еден парк. Не знам тука. Тој малиот паркинг што е…
НГ: Ај провери тие чии гласачи се, за секој случај. Ако се комуњари и вака и така да тераме.
МЈ: Само да се разбереме, кај што има сега еден мини паркинг, така?
НГ: Не бе не, некое спомениче има сега таму.
МЈ: Да де, и паркинг. Спомениче со паркинг. Едно како, малку како топка…
НГ: Па нема паркингот да го пипкаме ние. Ќе им го оставиме, само парчево. За мала зграда зборам тука. И не знам за што. Ќе најдеме некој како Совет за радиодифузија, што имаат сами пари, како се викаат тие..
МЈ: Да де.
НГ: Регулаторни, некои ќе најдеме, да се изгради некоја убава, така барокна зграда.
МЈ: Многу е начичкано таму ептен. М? Сообраќано решение…
НГ: Знам дека е начичкано, ама со грди згради е начичкано, сакам да го разубавам просторот.
МЈ: Ај да испитаме имотно-правна состојба, како е таму, што…
НГ: Испитај имотно-правно и види како да најдеме, преку кого, како гласале во таа зграда.
МЈ: Е, ги имаме тие податоци во центар.
НГ: Провери го тоа, па другата недела јави ми. Ако гласале за СДСМ, кој ги ебе, и вака и така ќе ги губиме, нема да гласаат за нас, да тераме.
МЈ: Градски ѕид…а не стои зад тоа Градски ѕид.
НГ: Не е Градски ѕид тоа,
МЈ: Не, како месен комитет
НГ: Таа е една висока кула, така малку на ќош поставена. Знаеш.
МЈ: Многу висока.
НГ: Како некоја боја, црвенкасто-кафеавкаста.
МЈ: не, не по месни комитети гледам. Добро, ќе испитам, знам точно.
НГ: Ај види. Оти што знам дали у следниот мандат ќе имаме ние, после локалните избори, дали ќе имаме мнозинство таму.
МЈ: Тешко ќе биде таму.
НГ: Колку гласа би изгубиле? 100 гласа ќе изгубиме? Колку живеат? А?
МЈ: Ја мислам…не е…знаете ДУП-от и после луѓето забораваат, а нема да му градиме ние пред избори таму.
НГ: Ама спроти нив ќе градиме. Спроти нив во спетември почнуваме.
МЈ: Спроти нив да, ама нема да му градиме у двор, тука.
НГ: Да, ама ЕС-ДЕ-ЕС ќе ни организира протести пред општина кога ќе се носи ДУП-от тие работи, знаеш како иде тоа. Ќе ги собере станарите, ќе ги донесе пред општина. Па на Уставен, па ваму, па таму, сите работи ќе ги пробаат. За да ја држат темата отворена. Ај испитај го, па јави ми вторик-среда.
МЈ: Важи.
НГ: И за број на гласови и за имотно-правни.
МЈ: Готово.
НГ: Ајде чао.
МЈ: Чао.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски