(ВИДЕО) „Да направиме средба и ние, да го покриеме Заев“

Од:

СДСМ објави разговор помеѓу како што кажаа Зоран Ставрески и Александар Панов, градоначалникот на Кавадарци.

– Ставрески чул дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев бил во посета на Кавадарци и фабриката ИГМ. Ставрески толку е уплашен од посетата на претседателот Заев па бара начин и на него да му се организира посета, не само Кавадарци туку и истата фабрика. Панов и Ставрески договараат како да се убеди сопственикот на ИГМ од Кавадарци да даде изјава за поддршка на власта на Никола Груевски. Преку познатите методи на ВМРО-ДПМНЕ, со спинување, веќе договорената изјава треба да се искористи за да се минимизира посетата на претседаелот Заев.

Јавноста слушна за изборните криминали на Груевски и злоупотребите на власта за партиските цели на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е примерот и со Кавадарци, каде биле злоупотребувани фирмите за партиски цели пред локалните избори, рекоа од СДСМ.

Разговор помеѓу Зоран Ставревски и Александар Панов

ЗС: Добро… Слушај, Заев е денеска кај тебе, така?

АП: За утре се, утре се кај нас

ЗС: Не бе, Заев денеска е кај тебе

АП: Ааа немам информација, јас сега два саата сум истегнат

ЗС: Кај Гечев бил, па дали да идам и јас кај Гечев тоа сакав да те прашам

АП: Па не ќе е лошо, некња Гечев имаше убава изјава у Капитал за нас

ЗС: Аха

АП: Не ќе е лошо, Гечев, гледај јас на министерот Јанакиески му кажав ако отиде премиерот мислам ќе ни биде полн погодок

ЗС: Не може премиерот сега да

АП: Знам, знам…Ама он вака вика ако дојде тука ќе изјавам дека од ваа влада нема подобра, јавно тоа ќе го кажам…и после можеме тоа како убав спин да му го употребиме…нели еве кандидатот и за премиер на ес де ес кажува добро за ова влада

ЗС: Не, доволно е ние утре да направиме средба и да го покриеме ова што Заев бил таму, тоа ми е целта

АП: Добро, добро.. бива, бива

ЗС: Збори ти со него, па ќе договориме

АП: Не..одма, одма он прифаќа, тоа бланко му е прифанато нему

ЗС: Океј, човече да го планирме , не ја знам седницата на памет ама да го ставиме негден

АП: Океј ќе му се јавам сега на Антонијо и ќе му кажам за ова

ЗС: Е така, важи… ајде поздрав

АП: Океј министре, поздрав

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Александар Панов

АП: Ало

МЈ: Александар, некои Минекс маркети имало Кавадарци многу?

АП: Да, да

МЈ: Го држиме ли тој

АП: Да

МЈ: Ќе го биде ли за работење

АП: Паа, сеа ќе го викнам јас утре заа утре мислам дека закажав со нив состанок.Еднаш ги имам на состанок викнато, утре уште еднаш ќе ги викнам

МЈ: Ааа

АП: Ќе ги викнам сите и ќе посебно ќе.Он е малце настрана меѓутоа ,мислам дека навива за нас

МЈ: Треба да му кажеме да гласа за нас

АП: Не, не апсолутно. Ни имаме ни преку него вработено неколку.

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во авто-перална во СКопје

Повторно дојави за бомби во скопски училишта, се евакуираат учениците

Катерина Ѓуровски

Дојавата за бомба во скопска гимназија е лажна, превентивно се евакуирани и други училишта

Нова закана за поставена бомба во скопско училиште

Горан Наумовски

Дојави за бомби попладнево стигнале во девет скопски училишта, се евакуираат учениците од втора смена

Маја Илиевска-Пачемска

Нова дојава за бомба, се евакуираат ученици од средното училиште „Јосип Броз“ во Скопје

Маја Илиевска-Пачемска