Јанкуловска заклучува дека Законот може да се случи и да помине во Собранието за што предлага консултација кај Трајко Вељаноски. Овој разговор открива дека доколку навистина постоела волја кај ВМРО-ДПМНЕ да се донесе законот, тоа било реално остварливо поради поддршката на СДСМ и други помали партии. Се е јасно. За ВМРО-ДПМНЕ било важно нешто друго а не бранителите, рекоа од СДСМ на прес конференцијата во Гостивар.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Влатко Илиевски
ГЈ: Пошто нели сега ќе се крати во Собрание, во основа тој Закон не се носи ни со Бадентер, ни со 2/3. Значи може да помине. Меѓутоа, што има една зафркација. Законот со тој назив што ми го кажуваш и што си го носи, не е предвиден во листата на закони што се носат со Бадентер. Нели во тој посебниот закон…
ВИ: Аха.
ГЈ: …за Комитетот за односи меѓу заедниците. Таму се наведени точно кои закони.
ВИ: Така, така.
ГЈ: Е сега, ако се менуваат законите што не се донесени со Бадентер, значи без Бадентер се менуваат. Не знам ова како ќе се третира, зошто е нов закон со ист назив. По мене, штом не е на листата, не треба Бадентер за тој закон.
ВИ: А бе ние, ја реков да оди у редовна постапка, така да…
ГЈ: Не, добро, ама ние да си го антиципираме тоа, оти реално, може ќе треба и со Трајко Вељаноски да направиме една консултација, оти реално може да се случи и да помине законот. Пошто гледај, нашиве би го гласале ниели, мора наш да го поднесе…
ВИ: ЕС-ДЕ-ЕС ќе го гласа.
ГЈ: ЕС-ДЕ-ЕС ќе го гласа, дури и бадентер може да се озбезбеди со нашиве етнички заедници и со едничките заедници од ЕС-ДЕ-ЕС. А мислам дека не треба бадентер по таа логика. Оти законот таксативно, овој за Комитетот за односи меѓу заедниците вика дека измените и дополнувањата на тој, на тие, тие, тие таксативно набројани закони ќе се носат со Бадентер и истотака ќе се применува и принципот на Бадентер врз основа на одлука на Комитетот за сите идни закони што се однесуваат на употребата на јазици, образование, лични документи, симболи и така натаму.
ВИ: Ај добро, ќе…сега го пишувам ова образложението на законот. Ај ќе збориме после.