Влатко Мицкоски, студент од Скопје кој има само 23 години боледува од бубрежен канцер и му е потребна итна помош.
На Влатко му била извршена операција во јуни 2015, но во март оваа година болеста се враќа и метастазира на неколку места меѓу кои и коските.
За контрола на болеста потребна е така наречена таргет терапија (Вотриент) која е во вид на таблети. Оваа терапија засега покажува одлични резултати, но не е на позитивната листа на ФЗОМ па семејството ја набавува од странство и чини 2100 евра месечно.
Сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат за Влатко да ја победи болеста може да донираат на следните броеви.
Број на кој може да донирате 100 ден. од повик:
Корисници на Телеком – 070 143 102
Корисници на One – 075 143 472
Корисници на Vip – 077 143 472
Податоци за трансакциска сметка:
Влатко Мицкоски
210-5016789882-78
НЛБ Тутунска Банка
Влатко и неговото семејство од се срце однапред се заблагодаруваат