Да го направиме Божик радосен и за децата од социјално загрозени семејства

Од:

Започна голема Новогодишна хумана акција во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со 12 македонски медиуми. На вториот кат од трговскиот центар поместени се 12 новогодишно декорирани природни елки.

Една елка – еден медиум. Во кампањата се вклучија медиуми од национални телевизии, преку веб портали до радио станици, како Телевизиите: Тв Телма и Тв21, порталите: Сакам да кажам, МКД, Женски магазин, Фактор, Риборн, Мак Мода, Оффнет, А1он, Емагазин и Сити радио. Секој од медиумите одлучи подароците, кои ќе ги собере под својата елка да ги донира за децата на едно социјално загрозено семејство.

Првите подароци под елките веќе ги донираа самите медиуми и со тоа апелираат до граѓаните да ја разбудат во себе емпатијата во празниците кои престојат и да ги усреќат децата од 12-те избрани семејства.

Овој хуман гест, превенствено има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и наедно да ги мотивира да донираат новогодишни подароци за деца, кои сe од социјално загрозени семејства. Пред секоја елка – медиум има податоци за колку деца станува збор од социјално загрозеното семејство и на која возраст се дечињата, што ќе им олесни на посетителите околу изборот за новогодишни подароци, кои ќе сакаат да ги донираат.

Задолжените волонтери во кампањата ќе бидат достапни за сите заинтересирани посетители да им излезат во пресрет и помогнат околу преземањето на подароците и дополнителни информации околу кампањата.

Хуманата акција ќе трае до 4 јануари 2018 година. Во пресрет на Бадник и Божик, медиумите ќе ги посетат домовите на овие 12 семејства и ќе им ги врачат подароците.

За сите дополнителни информации, Ве замолуваме да се обратите во ПР и дигитал маркетинг агенцијата “Represent Communications“ која е овластена агенција за односи со јавноста од страна на Скопје Сити Мол или на следниве контакти:
Наташа Божиновска Миркова
[email protected]; 070/206454
Ивана Тасев
[email protected]; 070/336191

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он