Карапејовски од ЗНАМ: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра

Од:

Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се
образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.

„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на
вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето
функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот
постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до
100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат даскали на нашите деца“.

Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.

„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.

Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и н финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме
доставени до учениците.

Во консултација со стручњаците и универзитетските професори од областа, ќе спроведеме вистинско инклузвно образование, како во другие земји во Европа и во светот.

Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да
објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за
таканаречните национални дисциплини.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ со нападот на Минчев потврдува дека не знае што е државна политика

А1он

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Мециновиќ: Се измислуват функции за да се „ухлебат кадрите на ЗНАМ“

Катерина Ѓуровски

Левица: Вицепремиерот Фетаи се вози на партиски настан со службено возило, ДПМНЕ и ЗНАМ молчат

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ и ЗНАМ скандалозно склучиле формален договор за партиски вработувања тврди Левица

Катерина Ѓуровски