ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено

Од:

Вкупно 10 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот на територија на државава. Нема активни во моментов, три се под контрола, останатите се изгаснати, информираат вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени. Во „Јасен“ опожарена е мешана шума.

На планината Кожуф има приземен пожар. Мешана шума е опожарена и во подрачјето на селата Долгаец и Стровија.

Изгаснатите пожари биле во регионот на општините Брвеница, Врапчиште, Гази Баба, Долнени, Куманово, Прилеп и Струга.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати